Уште еден авион со медицинска помош од Кина вчеравечер слета на аеродромот во Белград. Помошта се состои од распиратори, заштитни одела и маски, како и тестови за коронавирус.

Премиерката, Ана Брнабиќ, рече дека летот е во организација на УНДП и дека трошоците во износ од 450.000 евра ги сноси ЕУ.

– Летот носи клинички и транспортни распиратори, маски, заштитни одела, тетови и опрема која Србија ја купи, но и која ѝ ја донираа Кина и приватни компании од оваа земја, како компанијата ХБИС – рекла Брнабиќ.

Таа додаде дека за испорака на целокупната медицинска опрема што Србија ја купила, но и која ја донирале Кина и приватни компании, ќе бидат потребни десетина летови при што ЕУ ќе ги покрие трошоците за најмалку четири лета.

Досега во Србија слетаа четири авиони со медицинска опрема и помош од Кина.