Од денеска, учениците и студентите од Грција, Турција, Србија, Македонија и Романија кои патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија поради образование, повеќе не треба да обезбедуваат документ со кој се докажува негативен тест на коронавирус при влез во земјата.

Истото важи и за студентите што живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно.

Наредбата ја издаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.