Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на ковид-19, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Мерките стапуваат на сила во среда.

Како што пренесува Ројтерс, според новите мерки, сите патници кои доаѓаат од земји кои се означени како „жолта“ и „црвена“ зона, ќе мораат да пројдат преглед и ќе бидат ставени во карантин. Карантинот може да се избегне единствено со приложување два негативни теста на ковид-19 стари најмногу пет дена.

Тоа се однесува како на унгарските државјани кои доаѓаат од други земји, така и на патници од овие држави.

Македонија, Албанија, Црна Гора и Украина, меѓу другите, се наоѓаат на „црвената“ унгарска листа.

Србија, Бугарија, Романија, Русија, Шведска, Обединетото Кралство и Португалија се на „жолтата“ листа.