Турција најави донација на 30.000 вакцини против коронавирус на Босна и Херцеговина.

Донацијата е дел од договорот постигнат од членовите на претседателството на БиХ со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на денешната средба во Анкара.

– Сакам да изразам сочувство на сите семејства во БиХ кои ја загубија борбата против коронавирусот. Ние ќе доставиме 30.000 дози вакцини во БиХ – рече турскиот претседател.

Така, првата поголема количина вакцини која ќе стигне во БиХ ќе биде донација, по онаа од Србија од пет илјади вакцини.