Турција ги укина масовните молитви во џамиите додека не помине ризикот од коронавирусот, соопшти денеска првиот човек на туркиот верски директорат, Али Ербас.

Обраќајќи се пред новинарите, Ербас изјави дека џамиите ќе бидат отворени за одделни молитви.

Во Турција се регистрирани вкупно 18 случаи на коронавирус. Во земјата се затворени училиштата и универзитетите, а спортските натпревари се одржуваат без публика.