Компанијата „Туркиш ерлајнс“ започна кампања за специјален попуст на цените на билетите за здравствените работници кои се бореа против пандемијата на Ковид-19, јавува агенцијата „Анадолија“.

Турската национална компанија објави дека сите здравствени работници ќе добијат попуст од 40 проценти на цените на авионските билети. Медицинските работници ќе можат да купат билети и за уште тројца сопатници по намалени цени преку веб-страницата на „Туркиш ерлајнс“ или мобилната апликација.

Заинтересираните лекари треба да се регистрираат за кампањата на веб-страницата на турската авиокомпанија, а можат да купат билети по намалени цени од денес до 1 август, а да ги користат од денес до 31 мај 2021 година.

– Летаме повторно со вас, благодарение на храбрата борба на здравствените работници против ковид-19. Со специјална кампања, сакаме да им се заблагодариме на нивната посветеност.Денеска започнавме кампања за намалување на цените на билетите за 40 отсто за сите здравствени работници – соопшти претставникот на компанијата, Јахја Устун на Твитер.