Во последните 24 часа се потврдени три нови случаи на коронавирус во Словенија, а не се регистрирани нови смртни случаи, објави владата на Твитер.

Пријавени се два нови случаи во Нова Горица, град на границата со Италија и еден во Јесенице на северозапад. Вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.495, додека бројот на починати е 109.

Досега се тестирани 87.386 лица, а кај 1.495 од нив е потврдена инфекцијата. Само 6 лица се лекуваат во болницата од Ковид-19, 1.364 оздравеле, а кај 22 лица е активен вирусот. с

Како дел од олеснувањето на досегашните ограничувања, Словенија во понеделник ќе ја отвори границата со Италија, а по три месеци ќе се отворат и премините на границата со Хрватска.

Исто така, од понеделник, повторно се дозволени собири до 500 луѓе на јавни места, што отвора простор за одржување на спортски настани со помалку публика.