Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на јавни места на отворено и затворено.

За време на престојот на јавни места мора да се држи растојание од 1,5 метар, односно минимум четири метри по лице.

Воведени се и построги мерки за маски.

Обврската за носење маски во затворено, што претходно беше на сила во Белград, сега се проширува на цела Србија.

Маските се задолжителни и на отворено каде што не е можно да се обезбеди безбедно растојание од 1,5 метар.

Кризниот штаб исто така препорачува и децата да носат маски.

Построгите мерки стапуваат на сила од петок.