Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе присуствува на испраќање на медицинска опрема за борба против ковид-19, што Србија ја донира за Италија.

Како што соопшти прес-службата на претседателот, помошта ќе биде испратена од аеродромот „Никола Тесла“ во 12.30 часот.

Денеска по средбата со претставниците на ЕУ и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, претседателот Вучиќ им пренесе на новинарите дека разговарал со гувернерот на Венето, Италија, Лук Зај и ѝ понудил поддршка за тој регион на Италија во моменти кога тоа било тешко и важно.

– Верувам дека со нашето однесување во регионот покажавме дека можеме да ја пружиме нашата солидарност и помош на оние со кои не секогаш разменуваме најубави зборови – рече Вучиќ.