Српската влада официјално го одобри извозот на брашно.

По најавувањето на претседателот Александар Вучиќ дека Србија ќе извезува брашно, пред се во земјите од регионот што упатиле такво барање, а тоа се Македонија, БиХ и Црна Гора, одлуката е потврдена во Службен весник.

Одлуката за привремена забрана на извоз на основни производи што се значајни за населението, во која беше вклучена и забраната за извоз на брашно, е изменета и стапува на сила од утре.