Потпишавме договори за 6,5 милиони вакцини, но едноставно нема вакцина, изјави покраинскиот секретар за здравство и член на кризниот штаб Зоран Гојковиќ и рече дека досега 320.000 луѓе биле вакцинирани. Со тоа, според него, Србија е втора во Европа по бројот на вакцинирани на милион жители.

Гојковиќ оценил дека фактот што Србија е веднаш зад Велика Британија според бројот на вакцинирани, всушност е индикатор за тоа колку добро се работело на заштита на населението.

– Фармацевтските компании очигледно загризаа голем залак кога помислија дека ќе можат да произведат толку многу вакцини и тоа се проблеми со кои ќе се соочуваме“, рече тој на прашањето за достапноста на вакцините, коментирајќи ја глобалната трка во имунизацијата против Ковид-19. Според него, „сега ниту парите, ниту моќта повеќе немаат улога – но можат да се потпрат само на снаодливоста и пријателството.