Во вторник вечер, нов контингент од 100.000 вакцини „Спутник В“ од Русија ќе тргне за Србија, објави утрово српскиот министер за иновации, Ненад Поповиќ.
– Само што добив потврда од мојот руски колега, министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација, Денис Мантуров, дека авион со 100.000 нови вакцини „Спутник В“ ќе полета за Србија во вторник навечер- напиша Поповиќ на Твитер.

– Со тоа Русија уште еднаш покажа дека не остава на цедило кога ни е најпотребно – додаде тој.