Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од петок ќе почне полициски час кој ќе трае до понеделник, соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој кажа дека од понеделник ќе се одлучува какви мерки ќе бидат преземани понатаму во врска со карантинот.

Вучиќ рече дека во Србија денеска бил најтешкиот ден од почетокот на епидемијата со 13 смртни случаи.

– Во овој момент имаме 120 луѓе на респиратори. Во Белград, состојбата е алармантна – кажа Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека во моментов се хоспитализирани 4.000 пациенти со коронавирус.

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 299 нови случаи, а тестирани се 8.287 лица.