Фото: Илустрација

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата повеќе не е вонредна.

Кон, исто така, изјави дека е одлучено да почнат и подготовките за одржување на белградскиот маратон во јуни.

– За останатото ќе се види, зависи директно од ситуацијата. Што се однесува до другите мерки, нема промени. Останува како што беше досега – изјави Кон.

Тој посочи дека бројот на отпуштања пациенти во српските болници е зголемен во однос на бројот на приеми, дека ситуацијата повеќе не е вонредна, но дека е неповолна.

Кон посочи дека целта е да се достигнат три или 3,5 милиони луѓе кои примиле две дози вакцина против коронавирус што е можно поскоро. Бројот на оние кои ја примиле втората доза досега надмина 1,2 милиони.