Српската влада донесе нови мерки во борбата со ширењето на коронавирусот.

Владата донела одлука за затворање на сите објекти кои подразбираат близок физички контакт, како што се фризерски и козметички салони, фитнес клубови, теретани…

Донесена е одлука и за затворање на сите обложувачници и казина. Од денеска тие може да работат само преку електронски пат.

Српската влада одлучи знамињата на сите јавни институции од денес да бидат спуштени на половина копје, на неодредено време.

Одлучено е и за одредени професии домашната самоизолација да важи 14, наместо 28 дена, а тоа се однесува на здравствените работници, како и за припадниците на Министерството за внатрешни работи и војската.

– Своите работни задачи ќе продолжат да ги извршуваат со целосна заштитна опрема и нивната здравствена состојба редовно ќе се следи – соопштија од Владата.