Во Босна и Херцеговина денеска се забележани 141 случај со новозаразени со ковид-19, што е двојно помалку од вчера кога беа регистрирани 289 случаи.

Во последните 24 часа во Федерацијата БиХ тестирани се 687 примероци, од кои 102 се позитивни. Досега се потврдени 2.768 заразени, од кои 1.515 се активни случаи.