Еден од петмината уапсени антиваксери во Србија бил вакциниран, кажа српската премиерка Ана Брнабиќ.

– Од петмината антиваксери кои се приведени, еден е вакциниран, а истовремено шири најстрашни можни лаги против вакцинацијата. Значи, испаѓа дека вие себе сте се заштитиле, а велите дека другите не треба да се вакцинираат – кажала Брнабиќ, додавајќи дека се работи за страшно лицемерие.

Србија, која е една од водечките држави во Европа според брзината на процесот на имунизација, неделава реши да се пресмета со антиваксерите откако се соочи со пад на заинтересираноста на нејзините граѓани за вакцинацијата.

Претседателката Јована Стојковиќ и уште неколку членови на движењето „Живеам за Србија“ беа приведени и сослушани во Обвинителството за високотехнолошки криминал поради изнесување на лажни тврдења за вакцинацијата. Станува збор за пет лица кои потоа беа пуштени да се бранат од слобода.