Според податоците од платформата „eCijepih“, заклучно со 30 април 2021 година, 20,9 отсто од возрасната популација во Хрватска примиле барем една доза од вакцината против коронавирус.

Досега, во согласност со планот за вакцинација, секој петти хрватски граѓанин е вакциниран, објави Хрватскиот институт за јавно здравје, пренесува „Индекс.хр“.

Највисок опфат со вакцинација е постигнат во возрасната група од 70 години и постари, од кои 54 отсто примиле барем една доза вакцина.

Во периодот од 27 декември 2020 година до 30 април 2021 година досега во Хрватска се потрошени 901.120 дози вакцини, а со оглед на големиот број дози на вакцини кои се најавени дека ќе пристигнат текот на мај и јуни, динамиката на вакцинација ќе овозможи вакцинирање на повеќе од 1.848.462 лица до крајот на јуни или повеќе од 55 отсто од возрасните, пишува „Индекс.хр“.