Првиот авион со руска помош за Србија слета попладнево на аеродромот во Батањица, пренесуваат српските медиуми.

Авионот, кој носи медицинска помош, го пречекеа премиерката Ана Брнабиќ, но и министерот за одбрана Александар Вулин. Со нив е и рускиот амбасадор во Србија, Боцан Харченко.

Помошта пристигна по вчерашниот разговор меѓу претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин.

– Руската Федерација и војската на Русија ни помага во борбата проитв коронавирусот. Тоа што ни стигна многу ќе ни помогне. Србија никогаш не го заборава доброто. Некогаш го забораваме лошото или го намалуваме, но доброто кое ни е направено никогаш не го забораваме – изјавил министерот за одбрана Вулин.

Брнабиќ им се заблагодари на сите што од Русија дошле во Србија.

– Оваа помош доаѓа во најтешки денови за Србија во борбата проитв Ковид-19, зошто имаме уште осуммина починати во изминатите 24 часа – рекла Брнабиќ.

Таа додала дека на Србија и`претстои тешка борба во следните недели и дека ова е значајна помош за Србија.