Во последните 24 часа во БиХ се потврдени 432 нови случаи на коронавирус, што претставува најголема дневна бројка на новозаразени.

Од тој број, во федерацијата БиХ се потврдени 309 нови случаи, а 123 во Република Српска, пренесува порталот „Кликс“.

Во федерацијата БиХ во последните 24 часа биле регистрирани и шест смртни случаи, а во РС како резултат на компликации од Ковид-19 починале пет лица.