Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 92 нови случаи на коронавирус, што е речиси двојно во однос на претходните два дена. Нема починати, а извршени се 1804 тестови.

Вкупниот број случаи во таа земја сега е 3.953. Активни се 1.204 лица, а оздравеле 2.639 лица.

– Сега мора да се носат маски во пошта, во банка и во сите други институции каде што им се обезбедуваат услуги на граѓаните, шалтерско работење, секаде каде што луѓето доаѓаат во близок контакт и каде што стојат во линија. Истото важи и за услужните дејности со контакт, фризери, козметичари. Порано беше препорака, сега е одлука – објасни директорот на Институтот за јавно здравје на Хрватска, Крунослав Чапак, и додаде дека нема нови жаришта на вирусот, пренесува „Индекс“.