Бројот на заразени со коронавирус во Грција надмина илјада лица, а во Турција достигна повеќе од седум илјади.

Грција потврди 95 нови случаи на коронавирус, со што вкупно 1.061 лица се заразени од појавата на болеста на 26 февруари. Досега 32 лица починале од ковид-19, соопшти портпаролот на Министерството за здравство, Сотирис Циодрас.

Бројот на починати во Турција се зголеми на 108 лица, додека бројот на заразени порасна за 1.704 и со тоа вкпно 7.042 лица во земјата се позитивни на коронавирусот, рече министерот за здравство Фахретин Коца.

Тој додаде дека само во последните 24 часа биле тестирани 7.641 лица, а досега биле тестирани 55.464 лица.