Во последните 24 часа во Србија се потврдени 579 нови случаи на коронавирус од 10.360 тестирани примероци. Починаа три лица, а во болница се лекуваат 574 пациенти, од кои 10 се на респиратор.

Од почетокот на пандемијата во Србија се направени 4.718.892 тестови, регистрирани се 724.097 случаи, а 7.132 починаа.

Директорката на болницата во Батајница, проф. Д -р Татјана Аџиќ Вукичевиќ, коментирајќи го четвртиот бран на епидемијата, за Телевизија Прва изјави дека ситуацијата се влошила.

– Ситуацијата почнува да се вжештува. Имавме стабилна состојба до две недели, а за само осум дена имаме 94 пациенти, бројот е двојно зголемен – рече Аџиќ Вукичевиќ.

Членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, истакна дека во септември ќе има значителен епидемиолошки пресек.

– Септември е месец на создавање колективи, не само во училиштата, туку и на работа. Одеднаш, сите се собираат по одморот. Тоа е момент, пресек од епидемиолошко значење, бидејќи тогаш започнуваат и акутни респираторни инфекции – истакна тој.