Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се собраа на плоштадот Република во Љубљана, Словенија.

Тие ја критикуваа владата и побараа од министрите да поднесат оставка. По два часа, тие запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон Собранието на Словенија, објави Н1 Словенија.

Демонстрантите имаа две барања: промена на мерките за борба против Ковид-19 во препораки и предвремени избори.

Пред протестот, организаторите повикаа на мирен собир, но едно непознато лице фрли шише кон еден од полицајците што го обезбедуваа собирот по што почнаа инцидентите.

– Кога играме фудбал, Виоле и Грин драгонс се на спротивни страни, а кога станува збор за Словенија, тие се заедно – рече еден демонстрант, потврдувајќи ги наводите дека двете најголеми навивачки групи во оваа земја учествуваат на протестот.