Националното собрание на Република Српска (НСРС) донесе одлука за прогласување вонредна состојба. Одлуката е донесена на специјалната седница на Националното собрание, што се одржа во Бања Лука.

Поради одлуката да се затвори седницата пред јавноста, опозициските партии не ја поддржаа агендата и дел од нив решија да не присуствуваат на седницата.

Одлуката за прогласување вонредна состојба во Република Српска треба да помогне во донесувањето важни одлуки и извршувањето на истите за време на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пренесе „ОНАСА“.