Фадил Новалиќ, премиерот на Федерацијата на БиХ, кој ја напушти болницата пред два дена, каде што беше излечен од коронавирусот, утре ќе се врати на своите должности во Владата на БиХ.

Информацијата ја потврди советникот за медиуми на Новалиќ, Зоран Благојевиќ.

Како што рече, Новалиќ утре ќе претседава со седницата на Владата на Федерацијата.

Тој беше во изолација десет дена откако неговата состојба се влоши и имаше воспаление на белите дробови.