Во Косово се регистрирани првите два случаја на заразени од коронавирус. Станува збор за 20-годишна италијанска државјанка и 77-годишен косовски државјанин.

Премиерот Албин Курти на прес-конференција изјави дека нема место за паника и побара од граѓаните да ги почитуваат владините мерки за превенција од заразата, посебно со водење сметка за хигиената и избегнување на места каде што има поголемо присуство на народ.

Курти најави дека за вечерва е закажана вонредна седница на Владата во врска со ситуацијата со коронавирусот, на која ќе се одлучува и за евентуалното затворање на граничните премини.