Членови на различни групи во Европскиот парламент испратија заедничко писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое бараат да се дозволи извоз на медицинска опрема од ЕУ во земјите од Западен Балкан, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Членовите на Европската народна партија, Зелените и либералите во Европскиот парламент протуркаа писмо испратено до претседателката на Европската комисија во кое се вели дека европската координација како одговор на пандемијата на Ковид-19 треба да ги опфати и земјите од Западен Балкан.