Во последните 24 часа евидентирани се 2.752 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 20.118.

Меѓу нив, има 2.873 пациенти на болничко лекување (намалување во споредба со вчерашните 2.918), од кои 306 пациенти се на респиратор.Починаа 78 лица.