Пораст на бројот на заразени од ковид-19 е забележан деновиве во дел од земјите од регионот.

Според податоците во Србија, во последните 24 часа е регистриран 91 позитивен случај на коронавирус, а едно лице починало. Со тоа, вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 261.

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се регистрирани 77 нови случаи на коронавирус.

Бројот на заразени со коронавирусот во Хрватска расте во последните четири дена, а денеска има 17 новозаразени. Во четвртокот имало 11, во петокот 12, а вчера 18 нови случаи на коронавирусот.

Во Албанија во последното деноноќие потврдени се 71 новозаразени, оздравени осум,а починато едно лице. Од Институтот за јавно здравје соопштија дека она што посебно загрижува е и зголемувањето на бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. На Инфективната клиника во Тирана во моментов се сместени 78 пациенти,од нив 10 се на интензивна терапија, додека еден е поставен на респираторна машина.