Најмалку десет луѓе загинаа во пожар што изби во болница,  во северниот дел на  на Романија, каде се лекуваат и пациенти заболени од  ковид-19, соопштија романските власти.

Седум пациенти се повредени, меѓу кои има и со повреди опасни по живот.

Од Агенцијата за вонредни ситуации  наведоа дека пожарот зафатил две соби во болницата во која се лекуваат пациенти со ковид-19, пренесува Ројтерс.

Од романската служба додаваат дека се верува оти меѓу загинатите има пациенти со ковид-19. Инаку, сите загинати освен еден се пациенти во болницата во градот Пиатра Неамт, на 350 километри од Букурешт.