Во последните 24 часа во Србија се потврдени 5.003 новозаразени со коронавирус, а починаа 28 лица.

Премиерката Ана Брнабиќ, по седницата на Кризниот штаб, изјави дека државата се подготвува за воведување на ковид – сертификати и дека конечната одлука ќе биде донесена во следните неколку дена.

– Се подготвуваме за воведување ковид-сертификати, тоа е одлуката. Сертификатите ќе бидат за места како – ноќни клубови, барови, кафулиња и ресторани. Нема да биде за продажни места, бидејќи е нереално и неуставно – рече Брнабиќ.