Во последните 24 часа во Србија починале пет лица како последица на коронавирусот, а инфекција била потврдена кај 161 лице, покажуваат податоците на тамошниот Институтот за јавно здравје.

Во текот на изминатото деноноќие биле направени 10.764 теста, со што вкупниот број на тестирања од почетокот на пандемијата се зголеми на 824.441.

Во болница има 1.245 заболени пациенти, а 52 од нив на респиратори. Досега во Србија регистрирани се вкупно 689 смтни случаи како последица на Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата коронавирусот е потврден кај 30.209 лица, а стапката на смртност е 2,28 процента.