Во Црна Гора денес се регистрирани 15 нови случаи на заразени со коронавирус, соопшти Институтот за јавно здравје, а сега има вкупно 115 активни.

Наведено е дека епидемиолошките испитувања на овие случаи се во тек.

– Од утринскиот пресек лабораториите на Институтот ја завршија анализата на 304 примероци, од кои 15 беа позитивни за новиот коронавирус. Епидемиолошкото истражување е во тек. Ова се случаи од: Подгорица (5), Беране (4), Будва (3), Херцег Нови (2) и Тузи (1) – објавено е на Твитер-сметката на Институтот.

Во моментов најголем број заразени има во Рожаје 41, Подгорица 24, Бјело Поље 10, Будва 12.