Јавниот градски превоз во Србија почна да функционира нормално, а од денеска се отворени и сите трговски центри.

За патниците во јавниот превоз задолжително е носење маски и ракавици и да држат физичка дистанца. Од денеска се укинати редарите кои беа во сите автобуси за да контролираат дали граѓаните ги почитуваат пропишаните мерки и кој го користи превозот, со оглед на тоа што не им беше дозволен на сите граѓани.

Трговските центри се отворени од денеска од 10 часот и ќе работат со нормално работно време, до 22 часот.

Сите трговски центри пропишаа и презедоа мерки за заштита на потрошувачите, за да може купувањето да се одвива под нормални услови.

Во објектите е извршена дезинфекција, а потрошувачите мора да носат заштитни маски, ракавици и да се придржуваат на пропишаната оддалеченост. Официјално во Србија на купувачите не им е забрането да влегуваат во продавниците без маски.

Србија на 4 мај ги отвори кафулињата и рестораните.