Во Србија отворени се парковите и шеталиштата, а дозволени се и тренинзи на отворен простор.

Српскиот министер за образование, Младен Сарчевиќ, изјави за „Блиц“ дека градинките во Србија ќе бидат отворени на 11-ти мај.

– Мерките за ублажување се договараат со експертите и според нивните проценки. Детските градинки ќе започнат со работа на 11 мај. Сепак, ова, првично ќе биде наменето за родителите кои се враќаат на своите работни места и не би требало да дојде до масовно враќање на мали деца во градинките – рече Сарчевиќ, додавајќи дека има околу 225.000 деца во предучилишните установи и оти очекува околу 50 отсто од нив да се вратат во градинките.

Во Србија, каде досега се потврдени 8.497 заразени со коронавирус, досега починаа 168 лица, а 1.260 оздравеле.