Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, објави дека производството на кинеската вакцина против коронавирусот ќе почне во Србија во октомври, и дека компанијата Хемофарм се очекува да произведе околу шест милиони дози до крајот на годината, јави Бета.

Лончар на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде го пречека првиот контингент на суровини за производство на кинеската вакцина, рече дека на 9 септември ќе биде поставен камен -темелник за изградба на фабрика што ќе ја произведува таа вакцина.

– Крајниот рок за завршување на изградбата на фабриката е првиот квартал од следната година и ќе се произведуваат околу три милиони дози месечно – изјави српскиот министер.

Тој додаде дека „пробното“ производство ќе трае до октомври, а потоа ќе почне „редовното“ производство на вакцината.