Во Грција се пријавени два смртни случаја и 74 нови заразени со коронавирус во последните 24 часа, соопшти грчкото Министерство за здравство.

Со ова вкупниот број на заболени во Грција се зголеми на 966, а бројот на починати достигна 28, пренесува АНА.

Меѓу починатите се 23 мажи и пет жени на просечна возраст од 73 години, а повеќето од нив имале и други здравствени проблеми.

Досега 52 пациенти се пуштени од болница, а 13.477 се тестирани.