Во последните 24 часа, од тестирани 10.634 лица во Србија, на коронавирус биле позитивни 409, а десетмина починале, јави „Блиц“ повикувајќи се на информации од здравствените власти.

Според најновите податоци од Министерството за здравство, на репиратори во српските болници во моментов се 167 пациенти, што е намалување во однос на вчерашниот ден.

Вчера оваа бројка изнесуваше 185 пациенти.


Во Хрватска 81 заразено лице во последните 24 часа

Во изминатите 24 часа официјално се потврдени 81 случај на инфекција со коронавирус во Хрватска, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментот има 1.032 активни случаја, а девет лица се на респиратор.

Во изминатите 24 часа биле тестирани 1.136 лица.

Од 25 февруари, кога беше забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 4.715 лица заразени со новиот коронавирус.

Како резултат на инфекција од коронавирус починале шест лица.

Досега се тестирани вкупно 109.358 лица.