Според најновите податоци од српското Министерство за здравство, регистрирани се нови 305 случаи на коронавирус во Србија. Во последните 24 часа бројот на позитивни случаи на коронавирусот се зголеми од 1.117 на 1.476.

Тестирани се примероци на 748 лица од кои 305 се позитивни, пренесуваат српските медиуми.

До 15 часот во Србија биле тестирани 5.756 луѓе, кои ги исполнувале критериумите за дефиниција на случај. Има нови осум смртни случаи, односно вкупно 39. Меѓу починатите се 6 мажи и две жени.

Просекот на нивните години е 70-75 и како и кај сите претходни жртви, и тие имале повеќе други болести кои придонеле за фатален исход.