Националниот штаб за цивилна заштита денеска извести дека во последните 24 часа не е регистриран нов случај на инфекција со коронавирус во Хрватска и дека три лица се опоправиле од инфекцијата.

– Бројот на новозаболени во Република Хрватска за 24 часа е нула, што значи дека вкупниот број на пациенти заболени со коронавирус е 2.247 – се вели во соопштението.

Од Националниот штаб додаваат дека досега биле тестирани 68.866 лица, од кои 126 во последните 24 часа. Моментно, 10 лица се во болница, а двајца пациенти се на респиратор. Нема нови смртни случаи, па така досега во Хрватска од оваа инфекција починале 104 лица.