Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис ќе разговара со опозицискиот лидер, Алексис Ципрас, попладнево преку видео-врска, а со цел да се зајакне пораката на владата „Остани дома“ до граѓаните, како дел од сè построгите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Целта на повикот е да се разговара за активностите за спречување на коронавирусот, а опозицискиот лидер да добие можност да понуди свои предлози, јавува грчкиот весник „Катимерини“.

Мицотакис ќе оставри видеоврски и со останатите партиски лидери.

Вчера, претставникот на грчкото Министерство за здравство, Сотирис Циодрас, објави 103 нови случаи на коронавирус во Грција, со што вкупниот број сега изнесува 331. Во Грција од коронавирусот починаа 4 лица.