Бугарија потврди нови 325 случаи со коронавирус за 24 часа, што е за стотина повеќе во однос на еден ден претходно.

Во изминатото деноноќие починале 5 лица, со што вкупниот број на починати достигнува 313 пациенти.

Досега се излечиле вкупно 4.521 лица, а од почетокот на пандемијата се заразени 9.254.

Изминативе 24 часа беа направени 5.365 тестови. 4.420 случаи се водат како активни во моментот.

Најголем број на новозаразени има во Софија, Пловдив и Варна.