Огромни редици за тестирање на коронавирус беа забележани пред институтот „Торлак“, за што сведочат и видеата што се шират на социјалните мрежи.

Редовите се, како што може да се види на снимката, долги неколку стотици метри.

Епидемиолошката состојба во Србија со денови е критична и бележи драматичен скок на бројот на новозаболени, а вчера е евидентиран најголем број лица на респиратори од почетокот на епидемијата, дури 170.

Уште во раните утрински часови е формирана колона на луѓе пред институтот и сите стојат и чекаат да дојдат на ред за тестирање.

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 8.659 лица за коронавирусот, 344 од нив биле позитивни, а 13 лица починале.