Војната против коронавирусот продолжува, но победата сега е видлива, изјави денеска грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис по повод една година од потврдувањето на првиот случај на коронавирус во Грција.

– Почитувањето на епидемиолошките ограничувања и превентивните мерки е начин да се оди напред додека не ја вакцинираме целата земја – рече Мицотакис.

Само тогаш, како што додаде, целта ќе биде постигната, пренесува грчаката новинска агенција АНА.

– Првата година од коронавирусот во Грција ќе остане во историјата како прва и последна година од пандемијата во нашата земја – потенцира грчкиот премиер.