Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека молбата за помош од Русија, која пристигнала од Белград, нема да остане без одговор.

– Не сум целосно запознаен дали од Србија дошло барање за помош. Во секој случај, нема сомнение дека таа молба нема да остане без одговор, особено затоа што е важна, сојузничка и братска земја – истакна Песков.

Српската влада на седницата донесе одлука да побара помош од Русија заради состојбата со коронавирусот.

Србија побара конкретна помош според Договорот за соработка на Србија и Русија во вонредни услови. Официјалниот предлог го достави Министерството за внатрешни работи.

За ова зборуваше и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој во разговор со српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, истакна дека, како и секогаш, Русија ќе ѝ помогне на Србија во набавување на дополнителна медицинска опрема неопходна во случај на нагло зголемување на бројот на пациенти.