Косовската влада синоќа го прифати барањето на косовскиот министер за здравство Арбен Витиа и прогласи вонредна состојба во јавното здравство заради коронавирусот, соопшти косовската влада.

Министерството за здравство е одговорно за управување со прогласената вонредна состојба за јавно здравје, според одлука на Владата.

Според последните информации, во Косово се откриени уште 4 нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 13 лица.