Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Тестот е со цел да се докаже дела лицето кое влегува во Косово не е заболено од ковид-19, а истиот не смее да биде постар од 72 часа.

Доколку граѓаните од овие три земји слетаат на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина те не треба да приложат негативен тест, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово.

Од оваа обврска се ослободени превозниците кои влегуваат во Косово и странските дипломати и нивните семејства, како и државјаните трите земји кои имаат и косовско државјанство и живеалиште во Косово.