Коронавирусот навлезе и во студентските домови во Белград, каде има околу дваесетина заболни студенти, а епидемиологот на  Студентската поликлиника, Мила Пауниќ, наведува дека ситуацијата во овој момент е под контрола.

– Донесена е одлука за изолација на болните студенти и на нивните контакти, со помош на Студентскиот центар, кој најде просторија за изолација – вели Пауниќ.

Станува збор за дваесет студенти и нивни контакти, кои се во изолација.

– Домовите се  густо населени колективи, младите интензивно се дружат, студентските соби се мали и секогаш постои закана дека инфекцијата ќе се шири, но ние правиме се за да не се случи тоа – додава таа.