Тим кинески експерти, кои се наоѓаат во Србија од почетокот на епидемијата, предупредија дека вирусот сè уште е таму и дека епидемијата сè уште не е завршена. По повеќе од два и пол месеци давање помош на Србија во борбата против коронавирусот, кинеските експерти вечерва ја напуштаат Србија.

Заменик-директорот на Одделот за заразни болести, Лин Бинланг за РТС изјави дека најважно е да се разбере дека опасноста сè уште се заканува, дека епидемијата е сериозна и дека вирусот е таму.

– Бидејќи мерките беа олабавени, буквално сите се опуштија, па дури и тимовите за борба против вирусот. За контрола да вирусот мора да се остане буден. Наш совет е дека таму каде што има зголемување на бројот на заразени, можеби ќе треба да се заострат мерките, да се вратат одредени мерки – додаде Лин.

Заменик директорот на Институтот за превенција и контрола на заразни болести, Пенг Зичан, истакна дека најстрогите мерки за превенција мора да се применат во затворени простории и во институции со чувствителна популација, каде што многу луѓе има на едно место.

– Студентски домови, старските домови, болниците, компаниите, сè мора да биде под контрола. Сè уште е особено важно вирусот да не се шири во вакви простории. Секој човек треба да се провери, дури и кога останува во затворен простор, ако нема растојание – маските исто така треба да бидат задолжителни – заклучи тој.

Кинеските експерти пристигнаа на 21 март со првиот авион од Кина, кој ја донесе потребната опрема и заштитен материјал за борбата против коронавирусот во Србија.